Home Видео Династијата Шанг и почетоците на древната кинеска култура – видео презентација

Династијата Шанг и почетоците на древната кинеска култура – видео презентација

54 views
0

Превод на текстот
Александар Маџовски

Видеото кое следува е краток илустриран историски пресек на времето на династијата Шанг. Видео содржината е во продукција на Академијата Кан (Khan Academy), плод на една убава иницијатива за интерактивен пристап до знаења од секаков вид и дисциплини. Поттикнат од ова, побарав дозвола нивните содржини да ги споделувам со мој превод, со цел да ги приближам и до македонската публика. Се надевам дека ова видео ќе ве инспирира и заинтересира да истражите повеќе за древната кинеска култура, а се разбира, на овој сајт допрва ќе следуваат најразновидни содржини од овој вид.

Плодното земјиште по долината на Жолта Река и Јангцекјанг го дава импулсот за појавата на една од најразвиените древни цивилизации на Бронзеното доба во светски рамки – кинеската цивилизација олицетворена во династијата Шанг, која со овие простори владеела во временскиот период 1600-1046 г. пр.н.е. наследувајќи ја династијата Сја. Според некои историчари, династијата Сја всушност е конструкција на подоцнежните историчари и дека всушност се работи за ран период на династијата Шанг, со што оваа династија всушност претставува првата кинеска династија која ги дава почетоците на сето она што денес е препознатливо за кинеската култура и историја – почнувајќи од интригантните бронзени уметнички предмети и оружје, свилената облека со исклучителен квалитет па сѐ до карактеристичното кинеско писмо, кое е во директен континуитет со современото кинеско писмо – а тоа се над три и пол милениуми писменост. Исто како и династијата Сја која ѝ претходела на династијата Шанг, залезот на оваа цивилизација доаѓа како резултат на корупцијата и декаденцијата на нејзиниот последен владетел, Ди Сјин, кој отпрвин се покажал како достоен следбеник на делото на Танг, основачот на династијата Шанг. Но, потоа, според кажувањата под директно влијание на Даџи, неговата најомилена конкубина која ја воздигнал во царица, се претворил во злогласен тиран како и последниот владетел на династијата Сја се оддал на лични задоволства и разврат, занемарувајќи ги општествените работи во неговата држава.