Home Виртуелна прошетка низ средновековното Скопје

Виртуелна прошетка низ средновековното Скопје

Наскоро ќе започнеме со нашите виртуелни тури за млади истражувачи. Преку толкување на наследството, негова визуелизација и интерпретација прилагодена за возраста на групата, сите учесници кои се дел од оваа тура ќе имаат можност да дознаат нешто повеќе за нашето богато наследство истовремено и самите учејќи како да го толкуваат и раскажуваат.

Ако сакаш да дознаеш повеќе за средниот век, тогаш оваа виртуелна тура е токму како за тебе. Ќе се забавуваш добро, а ќе научиш и многу нови работи кои ќе ти бидат понатаму корисни. Ќе те поведеме на виртуелна прошетка низ средновековното Скопје. Како изгледал градот, како живееле луѓето во тоа време, кои објекти што ги знаеме денес, постоеле уште тогаш и какви тајни кријат предметите кои се понајдени во нив.

Оваа виртуелна тура е од образовен и забавен карактер и ја води лиценциран интерпретатор за културно наследство.

Следете нѐ за повеќе инфо или пишете ни ги вашите размисли на: info@mladistrazuvac.mk

Наскоро повеќе информации и термини!