Тајните кодови на каменото доба - интерактивна работилница за интерпретација на наследството

Предавањa + Интерактивни работилници | закажување со однапред утврден термин и време

Главната цел на оваа работилница е популаризација на културното наследство од праисторискиот период преку едукација на младите, како и нивно вклучување во сите сегменти од предавањaтa и вежбите. Сите учесниците ќе имаат можност да се запознаат со животот на луѓето во праисторијата преку:

– Кратко предавање за праисториските периоди на територијата на Македонија. – Археолошка вежба: Читање и дешифрирање на симболите од ѕидовите на пештерите со помош на мапа изработена од ХАЕМУС, на која се прикажани знаци и симболи пронајдени на ѕидовите од пештерите низ светот кои се повторуваат на сите континенти. – Археолошка вежба: Изработка на праисториски накит со употреба на природни материјали. – Археолошка вежба: Изработка на неолитска куќа во 3D со објаснување за домувањето во младото камено време. – Археолошка вежба: Процес на спојување и конзервација на праисториски сад. – Археолошка вежба: Практично создавање, визуелизација и интерпретација на праисториското светилиште Стоунхенџ. – Изложба на праисториски артефакти од територијата на Македонија, сопственост на ХАЕМУС, проследени со кратко предавање и објаснување за верувањата на праисториските луѓе.

Како ментор, работилницата и предавањата ги води м-р Василка Димитровска, археолог, менаџер, консултант, сертифициран интерпретатор на наследство и креативен директор на ХАЕМУС. Интерактивните работилници ги води дополнително и едукатор, со искуство како наставник во основно училиште.

Работилницата е потребно да се одвива во простор каде е возможно да се превземат мерките за заштита од Ковид 19. Поради таа причина бројот на учесници за физичко присуство е ограничен.

Сите материјали за изработка на предметите се обезбедени однапред, а учесниците на крајот од работилницата сите изработки си ги земаат со себе.

Времетрање: 2-3 часа

Работни јазици : македонски и/или англиски.

Ве замолуваме да го најавите вашиот интерес на следниот мејл: info@mladistrazuvac.mk

~ ~ ~ Оваа интерактивна работилница е дел од „Млад истражувач“, програма на ХАЕМУС – Центар за научно истражување и промоција на културата, развиена како резултат од долгогодишната работа во полето на едукацијата, промоцијата и популаризацијата на културното наследство.

„Млад истражувач“ е образовна програма на наменета за деца и млади којашто покрај печатени материјали (боенки, брошури, книги,прирачници и интерактивни сетови за истражување), придружена е и со образовна веб платформа на која се споделуваат материјали под мотото на УНЕСКО за Отворени Образовни Ресуси (ОЕР).


~~~

Што е интерпретациска работилница?

Интерпретациска работилница е тип на интерактивен настан каде лиценциран толкувач на наследството ја води работилницата по пат на игра, забава, мапи и загатки. Целта е сите учесници да земат активно учество во обликување на приказната, со сопствено видување за тематиката.

error: Content is protected !!