Наскоро ќе започнеме со нашите виртуелни тури за млади истражувачи. Преку толкување на наследството, негова визуелизација и интерпретација прилагодена за возраста на групата, сите учесници кои се дел од оваа тура ќе имаат можност да дознаат нешто повеќе за нашето богато наследство истовремено и самите учејќи како да го толкуваат и раскажуваат.

Ако сакаш да дознаеш повеќе за мистериозниот и сѐ уште изгубен антички град Јустинијана Прима, тогаш оваа виртуелна тура е токму како за тебе. Ќе се забавуваш добро, а ќе научиш и многу нови работи кои ќе ти бидат понатаму корисни. Ќе те поведеме на виртуелна прошетка низ античкиот период. Ќе откриеш кој го изградил, како изгледал и зошто е толку важен славниот град Јустинијана Прима. Како течела потрагата по информации и зошто некои истражувачи врз база на пронајдените артефакти, имаат мислење дека Старата скопска чаршија ги крие тајните за овој град и Јустинијана Прима треба да ја бараме токму под чаршиската калдрма.

Оваа виртуелна тура е од образовен и забавен карактер и ја води лиценциран интерпретатор за културно наследство.

Следете нѐ за повеќе инфо или пишете ни ги вашите размисли на: info@mladistrazuvac.mk

Наскоро повеќе информации!

 

error: Content is protected !!