English below

За ХАЕМУС и обичајот „Мартинки“

Обичајот „Мартинки“ во 2017 година се впиша во Репрезентативната листа на УНЕСКО. Македонскиот дел од апликацијата се темели и на поддршката која во писмена форма ја даде ХАЕМУС, со што како организација стана носител на ова културно наследство од Македонија во УНЕСКО. ХАЕМУС ги почитува мартинките како светско нематеријално културно наследство и ги негува во духот на традицијата, во сите облици и начини кои би придонеле за нивната поширока промоција. Со цел визуелно да ја презентира практиката на изработка и дарување мартинки на своите најблиски, созддовме креативна илустрирана читанка за млади на македонски јазик, но достапни се и верзиите на албански, турски и англиски јазик за обичајот „Мартинки“, како и две боенки за деца на македонски и англиски јазик.

🎁 Подарок: Со секој купена читанка следи гратис рачно изработена мартинка од тимот на ХАЕМУС

Наслов: “Martinka” geleneği
Автор: Василка Димитровска
Илустратор: Зоран Кардула
Издавач: ХАЕМУС
Година на издавање: 2021
Јазик: Турски
Број на страни: 20
Формат: 150мм х 150мм
ISBN: 978-608-4948-00-1
COBISS.MK-ID: 53167109
Цена: 250 ден
Време на испорака: 5-7 работни дена.

error: Content is protected !!