Home Uncategorized Промоција на „Праисториска читанка и вежбанка за млади истражувачи“

Промоција на „Праисториска читанка и вежбанка за млади истражувачи“

53 views
0

На 24 септември 2022 на простор помеѓу Домот на АРМ и Музејот „Мајка Тереза“ се случи промоцијата на „Праисториска читанка и вежбанка за млади истражувачи“, едукативна публикација во издание на ХАЕМУС за која говореа Василка Димитровска, магистер по праисторија како автор на текстот и Бисера Наумовска како илустратор на бројните цртежи.

Промоцијата беше поместена во рамките на настанот „Ден на граѓанските организации 2022“, организиран од Civica Mobilitas, а истовремено се одвиваше и интерактивна креативна работилница „Тајните кодови на каменото доба“, за која ќе напишеме нешто повеќе во некој следен текст.

„Праисториска читанка и вежбанка за млади истражувачи“ е посветена на праисторијата – еден од најмистериозните периоди од развитокот на човекот. Во неа сите заинтересирани ќе најдат посебно објаснувања за секој од праисториските периоди, кои се неговите најважни карактеристики и најпрепознатливи предмети кои може да се видат во музеите.Читанката содржи исто така и голем број интерактивни археолошки вежби кои ќе ја разгорат фантазијата и креативноста на младите истражувачи и ќе им создадат можности за нови искуства. Запознајте го еден од највозбудливите периоди од постоењето на човекот кој ќе ви разбуди желба за понатамошно истражување.

„Праисториска читанка и вежбанка за млади истражувачи“ е дел од публикациите во рамките на едицијата „Млад истражувач“, образовна програма создадена од ХАЕМУС којашто има педагошки карактер и повеќе за неа може да прочитате тука.