Home Cultural heritage Mапирање на обичајот Mартинки во Скопје и Скопско

Mапирање на обичајот Mартинки во Скопје и Скопско

1,839 views
0

Со публикацијата „Mапирање на обичајот Мартинки во Скопје и Скопско“ од авторките Василка Димитровска, Душица Брачиќ и Ленче Димовска, направен е обид да се дојде до заклучок за постоењето, распространетоста, практикувањето и варијантите на обичајот Мартинки во овој регион. Истражувањето кое претходеше на оваа публикација вклучи теренска идентификација на носителите на обичајот во форма на аудио и видео записи, како и обемна анкета одговорена по писмен пат, преку која се реализираше ограничено мапирање со цел нивна евиденција и следење на динамиката на оваа традиција во поширокиот регион на Скопје како и добивање на попрецизни научни податоци. Крајната цел е да се обезбеди достапност на релевантни информации за ова нематеријално културно наследство за пошироката јавност преку негово научно истражување, едукација, презентација и популаризација.

Издавач на публикацијата е ХАЕМУС – Центар за научно истражување и промоција на културата. Оваа публикација е изработена со кофинансиска поддршка од Министерството за култура, како проект подржан на Годинешниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2022 година.

Промоцијата на публикацијата „Mапирање на обичајот Мартинки во Скопје и Скопско“ е вовед во претстојната десетта по ред традиционална манифестација „Среќна Баба Марта 2023“ во организација на ХАЕМУС.

Преземи публикација

Обичајот „Мартинки“ во 2017 година се впиша во Репрезентативната листа на УНЕСКО како Светското нематеријално културно наследство. Македонскиот дел од апликацијата меѓудругото се темели и на поддршката која во писмена форма ја даде ХАЕМУС, со што ХАЕМУС стана правен носител на ова културно добро од Македонија во УНЕСКО.