Home Видео Шетајте низ стариот Рим точно во 320 година од нашата ера

Шетајте низ стариот Рим точно во 320 година од нашата ера

130 views
0

Со светската пандемија е сѐ уште тешко да се патува на разни места во светот. Но тоа не треба да ве спречи да патувате и да посетувате разни локации по виртуелен пат. За да се вратите назад во древниот Рим и да видите како изгледале објектите во тоа време, да шетате и да разгледувате долж улиците, не ви е потребно да знаете латински јазик, но секако пожелно е претходно да се информирате и да прочитате за животот на луѓето во 4 век од нашата ера во „Вечниот град“.

На што треба да се обрнете внимание кога сте веќе виртуелно во 320 година и тоа токму во Рим. Имераторот Константин седум години претходно веќе го има признаено христијанството како една од официјалните религии во Римското царство. Сѐ она што го гледате во видеото, зградите, улуците, храмовите и грандиозните палати, направени се со примитивна технологија, но некои од нив и покрај тоа што се денес руини, останале да сведочат за величенственоста на оваа цивилизација. Дали знаевте дека старите Римјани го измислиле цементот? Токму поради тоа имале привилегија да градат зданија на повеќе катови од кои некои опстанале и до нашето време. А секако, морале да имаат и многу способни луѓе, затоа што некои објекти дури и со денешната технологија на 21 век е невозможно да се изградат.