Home Видео Историски пресек на Средниот век – видео презентација

Историски пресек на Средниот век – видео презентација

173 views
0

Превод на видеото
Александар Маџовски

Ова видео во продукција на Академијата Кан (Khan Academy), коешто тие љубезно ни дозволија да го преведеме и објавиме на нашиот сајт со цел да ги доближиме нивните содржини до македонската публика, ги илустрира најважните историски собитија кои го сочинуваат Средниот век како историски период . Тоа се пропаста на Западното римско царство, опстојувањето на римската империја во лицето на Источното римско царство, т.е. Византија, Карло Велики, христијанската шизма, ширењето на исламот, крстоносните војни, големите чуми, падот на Константинопол – сето тоа проследено со мапи на кои се гледа како се менувало лицето на Европа во текот на Средниот век.

Тие 1000 години од пропаста на Западното римско царство во 476 година, сѐ до XV век италијанскиот поет Франческо Петрарка ги нарекува „мрачно доба“; период на уназадување и стагнација, наспроти напредокот и културните достигнувања на античкиот свет од една страна и препородот, т.е. Ренесансата која следува по Средниот век.