Home Артефакт Големата Мајка слави роденден

Големата Мајка слави роденден

149 views
0

Дали знаеш дека Скопје слави роденден кој е стар повеќе од 6 милениуми?

Во 2021 година се навршија точно 40 години од пронаоѓањето на Големата Мајка, скулптура од теракота којашто во горниот дел има претстава на убаво украсена жена која стои над модел од куќа. Овој т.н. жртвеник е пронајден на археолошкиот локалитет Тумба Маџари во Скопје. Ваквите Мајки богинки се карактеристика за младото камено време или неолитот во Македонија, а артефактот е препознатлива атракција за градот Скопје.

За потребите на „Праисториската читанка и вежбанка за млади истражувачи“ која набрзо ќе излезе во издание на ХАЕМУС, оваа фигурина ја визуелизираше младата илустраторка Бисера Наумовска, а текстот го напиша м-р Василка Димитровска. Ако те интересира како изгледа нашата прошетка со млади истражувачи низ археолошкиот локалитет и музеј под отворено небо „Тумба Маџари“, за видеото кликни тука.