Во 2016 година во аулата на Институтот за етнологија и антропологија од Скопје се отвори изложбата на маски „Прочка 2016“. Овие маските беа изработени од ученици од основните и од средните училишта во Прилеп, а покрај нив на изложбата беа претставени и четири целосни маски на прилепскиот шегобиец Бранко Најдоски-Метларот (1947-2012). Оваа изложба во тоа време беше создадена повод празникот Прочка и одбележувањето на 15-годишнината од востановувањето на меѓународниот карневал „Прочка“ во Прилеп.
Маската е универзалното средство кое на човекот му овозможува да го смени својот идентитет и оној којшто ја носи го воведува во нова реалност, митска реалност, во која вообичаено не важат општоприфатените правила и норми на секојдневното однесување. Разгледајте ја оваа галерија од фотографии што ја направи тимот на ХАЕМУС и најдете инспирација за следната ваша маска за Прочка.