Home Видео Едукативна и интерпретациска тура за млади истражувачи на Тумба Маџари

Едукативна и интерпретациска тура за млади истражувачи на Тумба Маџари

128 views
0

Во септември, еден убав сончев есенски ден, со тимот на ХАЕМУС организиравме едукативна и интерпретациска тура во неолитското село Тумба Маџари. Оваа екскурзија се релизираше во рамките на манифестацијата „Европските денови на културното наследство“ како дел од програмата „Млад истражувач“.

И навистина, на турата имаше дојдено голем број на млади истражувачи кои се забавуваа додека кои трагаа по древните праисториски култури на овој археолошки локалитет и музеј под отворено небо. Тие научија како живееле, како се хранеле и како се облекувале неолитските луѓе. Видовме и какви модерни фризури правеле тогашните жени, а истите ги изработиле и ги претставиле во прекрасните керамички предмети кои ги знаеме како Големи Мајки богинки.

На Тумба Маџари расте една смоква. И тоа не расте било каде, туку расте токму во центарот на овој археолошки локалитет. Помеѓу другите работи, на оваа тура во Тумба Маџари имавме перформанс на либација со смокви проследен со молитва кон Големата Мајка, за да ги штити посевите и тие да дадат побериќетен род во следната година. Веруваме дека сите коишто присусвуваа на настанот, ќе го паметат ова искуство со години, а за да знаете што е тоа либација или ритуал со залевање со течна жртва во чест на боговите ќе треба малку да истражите на интернет.

Целта на „Едукативната тура низ Неолитското село „Тумба Маџари“ беше промоција и популаризација на богатото културно-историско наследство на Република Македонија од праисторискиот период коешто несомнено оставило трага во колективната меморија на главниот град.

Преку интерпретација и гамификација (игри, загатки и мапи) сите посетители на оваа невообичаена едукативна тура имаа прилика да се стекнат со искуство од прва рака, додека во живо ги посетуваат реконструираните домови од периодот на камено доба кои се опремени со покуќнина. Истовремено можеа да ги истражуват одблиску и предметите кои се реплики и се пронајдени токму на археолошкиот локалитет „Тумба Маџари“, а на крајот на оваа прошетка сите има можност да се забавуваат, изработувајќи по желба некој предмет од глина кој го понесоа дома за спомен. На нам ни остана видеото и желбата повторно да се видиме во Тумба Маџари, со некои нови млади истражувачи на нашето наследство.