Home Видео Kонкурс на Млади европски креатори на културно наследство

Kонкурс на Млади европски креатори на културно наследство

158 views
0
Дали сакате ли да учествувате во конкурсот на Млади европски креатори на културно наследство и да добиете награда?
На овој конкурс може да учествуваат сите млади луѓе во Македонија кои се заинтересирани за културното наследство што ги опкружува, поделени во групи на возраст од 6-11 години и од 11-17 години.

Потребен ли ви е ментор со искуство во културно наследство, образование, младински служби, работа со заедницата или работење со групи млади луѓе?

Можеби сакате да:

  • Одржите работилница или група за дискусија
  • Направите потрага или лов на богатство
  • Организирате посети на локалитети на културно наследство
  • Поттикнете меѓугенерациско учење

Барате оригинални и креативни интерпретации?

Тимот на ХАЕМУС како центар за научно истражување и промоција на културата, обезбедува менторство на активности или проект кој може да помогне групите на млади луѓе да учествуваат во конкурсот.

Заедно ќе создадеме содржини преку креирање видео или визуелизација што ја прикажува вашата интерпретација и артикулација на културното наследство што е важно за вас.

Особено се добредојдени проекти за „Одржливо наследство“, овогодинешната тема на Европски денови на културното наследство.

Препорачуваме Младите европски креатори на наследство да ја бараат својата приказна за Европа во материјалното, нематеријалното, природното и/или дигиталното наследство.

Конкурсот е организиран од Европски денови на културното наследство – најголемото обележување на културните настани во Европа – и ќе кулминира всо специјална изложба на Советот на Европа во Стразбур. Тоа е истата манифестација на која ХАЕМУС ја доби наградата за најдобра европска приказна во 2020 година за проектот „Денот на Баба Марта“.

Сакате повеќе информации?

Контактирајте нѐ и бидете дел од успешната приказна на ХАЕМУС и Млад истражувач.

Во меѓувреме погледнете како изгледа еден наш лов на богатство низ Скопје, едукативна активност преку којшто младите истражувачи се забавуваат а патем и учат за нашето наследство.