Home Географија Сложувалката на Гондвана – активност за ученици

Сложувалката на Гондвана – активност за ученици

236 views
0

✓Раскажете им на младите истражувачи повеќе информции за некогашниот континент Гондвана.

Врз основа на физичките докази кои се содржани во одредени типови на камен и кај фосилите, научниците веруваат дека Нов Зеланд некогаш бил дел од еден суперконтинент кој се нарекувал Гондвана. Овој континент во себе ги содржел и Австралија, Африка, Јужна Америка, Индија, Антарктикот итн.

Најважната алка што науката денес ја поврзува со Гондвана е поради тоа што овој простор (денес остров) бил изолиран уште од времето кога се отцепил од Антарктикот и Австралија, пред околу 80 милиони години.

Бидејќи земјата е окружена со 1.600 километри вода, се смета дека луѓето тука пристигнале тука дури пред околу 1.000 години. Во меѓувреме, локалната флора на Нов Зеланд останала недопрена многу милиони години. Денес таа природа се смета сè уште за едно од најизолираните места на Земјата.

Работни листови за ученици – превземи го тука .pdf фајлот

✓ Цел: да се дознае повеќе за формирањето на континентите и за тоа како може изолираноста да помогне да се заштити природното наследство
Активност: Оваа вежба опфаќа 2 училишни часа
Предметите: Оваа вежба ги опфаќа предметите географија, историја, природни науки.
Вежби: Дококу ја практикувате вежбата во училница, поделете ги учениците во помали групи. На секоја група дајте ѝ примерок од Работниот лист. Побарајте од учениците да ги исечат парчињата по линиите означени со точки, да ги состават и да ги налепат на континентот Гондвана. Поведете разговор со учениците за тоа како отцепувањето на Гондвана го изолирало Нов Зеланд од преостанатиот дел од светот и ги заштитило неговите флора и фауна.

На крајот од вежбата:
✓Споредете го изгледот на Гондвана со денешните континенти.