Home Географија Како изгледал „Мојот прв атлас“ во 1971 година

Како изгледал „Мојот прв атлас“ во 1971 година

182 views
0

Сте се запрашале ли како изгледал некогаш атлас за ученици кои учат во основно училиште, во 3,4,и 5 одделение?

Во минатото, за разлика до денес, учебниците се менувале поретко. Честопати се случувало кога некоја генерација ќе заврши одредено одделение, некој ученик да ги даде своите учебниците кои не му требаат на некој друг и така тие да ротираат од една генерација на друга со години.

Еве еден учебник од 1971 година кој е убаво илустриран со назив „Мојот прв атлас“. Овој учебник е од периодот кога Република Македонија била во составот на поранешната држава Југославија. Има интересна фотографија од Скопје од 1971 година, потоа план како треба да биде организрана една училница, училиштето, план на градот, основни податоци за сите главни градови на Југославија и многу други работи.

Сопственост на учебникот и извор на фотографиите: Зоран Кардула