Home Географија Скриените кодови на леденото доба

Скриените кодови на леденото доба

248 views
0

Како млад истражувач, досега сигурно си научил за првите уметнички дела што ги создал човекот на ѕидовите од пештерите, како ги претставувал животните коишто ги опкружувале и знаците со кои комуницирале древните луѓе помеѓу себе.

Вон Пецингер, една жена истражувач и антрополог, открила точно 32 симболи кои се повторуваат на сите континенти во периодот на каменото доба. Голем дел од овие симболи се сретнуваат и во Македонија на предмети откриени од праисторијата, а истите тие предмети може да се погледнат во поставките на најблиските музеи.

Ако сакаш да го истражуваш овој древен период, ние создадовме за тебе мапа со овие знаци која на позадината создржи објаснување како и и археолошка вежба која ќе ја разбуди твојата креативност и фантазија. Доколку сакаш да научиш уште повеќе за овој период, веројатно ќе те интересира и нашата „Праисториска читанка и вежбанка“, како и „Археолошка тетратка и инвентарна книга“, обете создадени за млади истражувачи како тебе.