Home Cultural heritage HAEMUS celebrated 18 April 2021 – World Heritage Day

HAEMUS celebrated 18 April 2021 – World Heritage Day

1,904 views
0

[Macedonian below]

The International Day of Monuments and Sites, widely known as “World Heritage Day”, was celebrated by HAEMUS through several activities. On the occasion of this day, Vasilka Dimitrovska, MSci, director of HAEMUS, was a guest via Skype in the live show “Weekly Magazine” on the first program of the national Macedonian Television, together with the author of the show and journalist Karolina Petkovska. The show was generally dedicated to the promotion of the Macedonian cultural heritage, but also to the projects that HAEMUS worked on last year. Due to its ratings, the show has experienced several replays so far.

We accepted the call for social media content lunched by Interpret Europe and we joined to the celebration of the World Heritage Day by sharing a photo and the story of the Skopje’s Old Bazaar, which was posted on Interpret Europe’s social media channels (Facebook and Twitter).

Our activity on several social networks (Facebook, Instagram, Twitter) was also noticeable, where we appropriately posted photos accompanied by information about sites and monument in Macedonia, as well as their significance.

The first activity of HAEMUS for the World Heritage Day 2021 actually started a month ago with an educational lecture with primary school students. On March 18, 2021, Vasilka Dimitrovska, the director of HAEMUS, held a lecture with more than forty students to whom through a visual presentation was explained the custom “Martinki”, since the HAEMUS as an organization is safeguarding this intangible cultural heritage inscribed in UNESCO.

This lecture was part of an ongoing project that ended with the final online celebration of April 18, the International Day for Monuments and Sites, and it was attended by teachers-coordinators and students from the following primary schools: Primary School “Lazo Trpovski”, Primary School “Lirija”, Primary School “Tefejuz” and primary school “26 July”, all from Skopje. HAEMUS was also involved in the final manifestation of this project on the occasion of the joint celebration of April 18, 2021, “World Cultural Heritage Day” and for this purpose, we prepared a special educational “Virtual Tour through the Medieval Skopje”.

We would like to thank the principals, teachers and of course students from these four primary schools for the invitation, for participating in the workshops and the main event, as well as for the cooperation and above all for the kind words about the work of HAEMUS that were said during of the whole project initiated by the primary school “Lazo Trpovski” from Skopje. More info about our activities through photos and videos within this project at the following link: https://www.lazotrpovski.edu.mk/aktivnost/2088

ХАЕМУС го прослави 18 април 2021 година – Денот на светското наследство

Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите популарно познат и како „Светски ден на наследството“, ХАЕМУС го прослави преку повеќе активности. Повод овој ден м-р Василка Димитровска, директор на ХАЕМУС, гостуваше во живо преку скајп во емисијата „Неделен магазин“ на првата програма на националната Македонска Телевизија, кај авторката и новинар Каролина Петковска. Емисијатата беше генерално посветена на промоција на културното наследство на Македонија, но и на проектите коишто во изминатата година ги работеше ХАЕМУС. Поради својата гледаност, eмисијата до сега доживеа неколку репризи.

Го прифативме повикот за содржина на социјалните медиуми инициран од Интерпрет Европа и се приклучивме на одбележувањето на Денот на светското наследство со споделување на фотографија и приказна за Старата чаршија во Скопје, којашто беше објавена на каналите за социјални медиуми на Интерпрет Европа (Фејсбук и Твитер) .

Забележлива беше и нашата активност на повеќе социјални мрежи (Фејсбук, Инстаграм, Твитер) каде соодветно постиравме фотографии пропратени со информации за локалитети И споменици во Македонија, како и за нивното значење.

Првата активност на ХАЕМУС за Светскиот ден на наследството 2021 всушност започна уште пред еден месец преку едукативно предавање на ученици од основите училишта. На 18 март 2021 година, Василка Димитровска, директор на ХАЕМУС, одржа предавање со повеќе од четириесет ученици на кои преку визуелна презентација им беше објасен обичајот „Мартинки“, бидејќи ХАЕМУС како организација е носител на ова нематеријално културно наследство впишано во УНЕСКО. Ова предавање беше дел од тековен проект кој заврши со онлајн прослава на 18 април, Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, а на него учествуваа наставниците-координатори и учениците од следните основни училишта: ООУ „Лазо Трповски“, ООУ „Лирија“, ООУ „Тефејуз“ и ОУ „26 Јули“, сите од Скопје. ХАЕМУС исто така беше вклучен и во завршната манифестација на овој проект повод заедничкото одбележување на 18 април 2021 година, „Денот на Светското културно наследство“ и за оваа цел припремивме специјална едукативна „Виртуелна тура низ Средновековното Скопје”. Би сакале да упатиме благодарност до директорите, професори и секако ученици од овие четири основни училишта за поканата, за учеството во работилниците и на главниот настан, како и за соработката и пред сѐ за убавите зборови за работата на ХАЕМУС коишто беа кажани во текот на времетраењето на целиот проект инициран од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје. Повеќе инфо за нашите активности преку фотографии и видеа во рамките на овој проект на следниот линк: https://www.lazotrpovski.edu.mk/aktivnost/2088