Едукативни работилници за антички мозаик

Целта на оваа работилница е запознавање на младите истражувачи со луксузната внетрешност на античките градби, по пат на кратка едукација како и изработка на мозаик во техника прилагодена за работа со деца и млади. Мотивите се бараат во соодветните геометриски или животински прикази на мозаиците кои се пронајдени во разни градби на територијата на Република Македонија.

Моменти од нашата работилница за антички римски мозаик во рамките на фестивалот ‘Scupini Romani’, којшто ХАЕМУС го организираше на 06.11.2016 во Скопје.

Времетраење: 120 минути

За ова работилница брјот на учесници е ограничен и пожелна е претходна најава или писмен договор.

error: Content is protected !!