English below

Извор на проучување на старите патишта претставуваат и картите. Една таква карта открил и на старо ја купил Конрад Појтингер, германски хуманист кој живеел на Виенскиот двор за кој нарачувал стари книги и карти. По неговото име таа и денес е позната како Појтингерова карта (Tabula Peutingeriana). Таа била точно три пати препишана од оригиналната Касториева карта која била изработена во 350 година, за да го достигне својот конечен облик како Појтингерова карта во 16 век. На оваа мапа е прикажана патната мрежа на целото Римското царство. Направена е од неколку дела и тоа во коса проекција, па затоа Европа е целата развлечена во правец запад-исток. На Појтингеровата карта се прикажани неколку римски градови кои се наоѓаат на територијата на денешна Република Македонија. Детектирај ги на мапата со помош на лупа, а потоа пронајди ги истите археолошки локалитети со помош на пребарување преку Google. Ќе ти споделиме тајно и QR код со посебна лозинка генерирана смао за тебе, за да можеш да прочиташ повеќе информации за овие древни градови, како да ги пронадеш денес и кога ќе ги посетиш, на што да обрнеш внимание.
Наслов: Tabula Peutingeriana – Мапа на древното Римско царство
Автор: Василка Димитровска
Издавач: ХАЕМУС
Година на издавање: 2021
Формат: 148мм х 210мм
Доработка: Заштитена со двострано ламинирање
Цена: 200 ден
Време на испорака: 5-7 работни дена.

error: Content is protected !!