English below

Сакаш да дознаеш што е археологијата? Да научиш како да ги пронајдеш, опишеш и документираш предметите и да инвентарираш артефакти пред да направиш големо археолошко откритие? Тогаш оваа археолошка тетратка ќе ти помогне не само да научиш како да ја „прочиташ“ и да ја раскажеш околината, туку и како да ги читаш старите монети, мапи и фотографии и да водиш археолошки теренски дневник како вистински истражувач. Ова ќе ти помогне и да ја утврдиш староста на предметите во твојот дом, ако успееш да ги пронајдеш како вистински детектив. Ќе осознаеш што точно ти треба за да започнеш со истражувањето и кои алатки ти се потребни за археолошко ископување. Тетратката исто така содржи археолошки квиз за проверка на твоето знаење и речник на стручни термини.

Наслов: Археолошка тетратка и инвентарна книга на наоди за млади истражувачи
Автор: Василка Димитровска
Илустрација на корица: Зоран Кардула
Издавач: ХАЕМУС
Година на издавање: 2021
Јазик: Македонски
Опис: 28, [2] стр. : илустр. ; 21 см
ISBN: 978-608-4948-03-2
COBISS.MK-ID: 53910789
Цена: 250 ден
Време на испорака:5-7 работни дена.

error: Content is protected !!